Дракслер:Заслуживме најмалку нерешено

Дракслер:Заслуживме најмалку нерешено

Екипата на ПСЖ со пораз на Енфилд кај Ливерпул (2:3) ја почна сезоната во Лигата на шампионите. Францускиот првак беше во негатива од 2:0, а потоа и стигна со изедначување – 2:2. Во финишот шанса за гол испушти резервистот Јулијан Дракслер.

Во првиот дел не бевме доволно агресивни кон противничкиот гол. Ако сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите, тимовите како Ливерпул треба да ги победуваме. Требаше да стартуваме со три бодови, но ова е само почеток. Заслуживме најмалку нерешено, а домаќините се покажаа како силен тим и преку Фирмино стигнаа до победата – изјави Дракслер.

Францускиот првак нова шанса за прва победа во групата ќе има во следното коло кога на домашен игра против Црвена Звезда.