Драгана Мирковиќ прозбори за траумите од детството

Драгана Мирковиќ прозбори за траумите од детството

Драгана Мирковиќ денес важи за една од најуспешните пејачки во регионот и живее како во бајка.


Пејачката потекнува од Касидол, во околината на Пожаревац, каде што живееше со нејзиниото четиричлено семејство. Од раното детство таа имаше страшни болки. Кога имаше само една година докторите забележаа дека има исчашени колкови. И предвидуваа дека ќе има пократка нога, а до својата втора година беше во болница на операции и во гипс. Поради тоа имаше кошмари до тинејџерските денови.
„Родителите беа очајни, мајка ми постојано плачеше. Беше трагедија да имате женско дете кое нема да може убаво да оди. Нашиот кум ни велеше: Немој да плачеш тоа дете ќе биде посебно. До втората година бев по болници, на терапии, во гипс, разделена од мајка ми бидејќи не можеа да ја пуштат. За мене, тоа беше голема траума, долго време се плашев од болници, имав кошмари, вели Драгана.

Денес, Драгана Мирковиќ е омажена за Тони Бјелиќ и живее во Виена во раскошен дом, а има и дворец. Таа вели дека не мора да имате милиони во животот за да бидете среќни.
„Не мора да имате милиони за да бидете среќни. Јас со Тони бев среќна и пред да го создадаме тоа што го имаме. Тони живешее во стан и имаше најдобар автомобил во градот. Кога се венчавме и ние живеевме во тој стан додека не купивме куќа. Тој има талент за бизнис, открива Драгана.
Инаку Мирковиќ со Тони има две деца, сопственичка е на телевизијата „ДМ САТ“, а претходната сезона беше во жирито на „Пинкови ѕвезди“.