Дончиќ го предводеше пресвртот до нова победа за Далас !

Дончиќ го предводеше пресвртот до нова победа за Далас !

Лука Дончиќ уште еднаш покажа дека иако има само 19 години, ја има кошарката во малиот прст и дека е подготвен и доволно зрел за да ги промени работите кога е на терен.

Блејзерси на гостувањето во Далас водеа со 96:81 на 10 минути пред крајот на мечот, но текот на средбата го промени фантастичниот Дончиќ.

Фантастичниот словенечки репрезентативец во последната четвртина запиша 13 одлични поени, вкупно 28 на натпреварот, што се покажа уште еднаш дека тој им е виталниот орган на Далас кога е на терен, во отсуство на други важни играчи на клубот.