Донатела Версаче донираше 200 илјади евра за борба против коронавирусот

Донатела Версаче донираше 200 илјади евра за борба против коронавирусот

Донатела Версаче, креативна директорка на италијанската модна куќа „Версаче“ донираше 200 илјади евра за болницата Сан Рафаеле во Милано, односно за борба против коронавирусот.

На својата Инстаграм страница, Донатела напиша дека во вакви мигови најважни се заедништвото и поддршката, и дека најнеопходно е да се помогне на оние кои се во првите борбени редови со коронавирусот.

Донацијата е од Донатела Версаче и нејзината ќерка Алегра.

View this post on Instagram

❤️🇮🇹

A post shared by Donatella Versace (@donatella_versace) on