Донарума веќе го одбрал новиот клуб

Донарума веќе го одбрал новиот клуб

Италијанскиот и светскиот фудбал, Џанлуиџи Донарума повторно е во центарот на вниманието на медиумите, а причината за тоа е идентична или поточно станува збор за негово можно заминување од Милан.

Резултат со слика за донарума

Веќе неколку пати малиот Џиџи е во дилема, расчекор дали да остане во Милано, па поради тоа влегуваше во клинч и со навивачите, па по се изгледа пред нас е нова епизода. Според „Quotidiano Sportivo“ Донарума по крајот на актуелнава сезона го напушта Милан и се сели во Пари Сен Жермен, клуб кој не е задоволен од настапите на голманите Кевин Трап и Алфонсо Ареола.

Наводно разговорите меѓу агентот на Џиџио, контраверзниот Мино Раиола и ПСЖ се во тек и треба да дадат позитивен резултат. „Светците“ воедно размислувале и за Алисон (Рома) и Јан Облак (Атлетико Мадрид), но првата цел и желба е 18-годишниот Донарума.

Ако на оваа приказна се додадат и сознанијата на „Газета Дело Спорт“ за интересот на „црвено-црните“ за искусниот Пепе Реина тогаш слободно може да се каже дека има подлога да се остварат овие најави.