Добро обликуван задник и нозе безвременски го задржува погледот на мажот

Добро обликуван задник и нозе безвременски го задржува погледот на мажот

Од тинејџерки,адолестцентки до мајки, особено оние кои сакаат да го вратат телото по породувањето…несомнено жените погледнувајќи се во огледало прво што забелжуват се нозете и задникот. Зошто убаво обликуван задник и нозе безвременски го застанува погледот и на мажите и на жените?…Поради тоа што сите фармерки и панталони ми стојат соврешно, но и поради тоа што можам да облечам какво здолниште ќе посакам…едногласни беа оние кои ги запрашавме.

Но како да го постигнеме тоа?

Здружете ја исхраната со половина час вежби во текот на денот и резултатот ќе биде неизбежен. Дајте им предност на протеините во исхраната, како чистачи на масти односно непотребните наслаги на бутовите, задникот. Додадете го зелениот зеленчук во порциите за ручек и вечера а форсирајте го јаболкото за појадок. Наутро имаме најмногу енергија, одвојте половина час во кој добро ќе се протегнете, а потоа ќе направите пакет вежби за задник и нозе. Сојузник кон успехот ќе ви бидат добро познатите чучњеви надополнети со пакет вежби во кој се вклучени: Исчекор со десната нога па со левата нога, чучњеви, чучањ и исчекор кон десно и лево со ногата,и завршете со вежба во која прво десната па левата нога ќе ја поставите во 90 степени и ќе ја кревате кон плафонот.

Секој пакет на вежби треба да почне со благо протегање но и со растегнување на крајот. Динамиката како и бројот на вежби е индивидуален и зависи од подготвеноста на телото, во никој случај не се форсирајте но дајте си мотив за подобар резултат. Започнете со промените во вашата дневна рутина и за 30 дена ќе го забележите резултатот.