До бронзен медал во ритмичка гимнастика со звуците на „Зајди зајди“

До бронзен медал во ритмичка гимнастика со звуците на „Зајди зајди“

Италијанската натпреварувачка во ритмичка гимнастика, Александра Агургукелезе се закити со бронзениот медал на Светското првенство кое се одржува во соседна Бугарија, а она што беше интересно за македонската јавност е песната со чии звуци стигна до големиот резултат.

Италијанката која има потекло од Романија имаше изведба инспирирана од македонскиот евергрин „Зајди Зајди“, а со одличниот перформанс направи голем пресврт и од осмото место стигна до бронзениот медал.