ДНЕВЕН ХОРОСКОП 13.04.2018

ДНЕВЕН ХОРОСКОП 13.04.2018

Овен

Правите се’ за да ги нагласите своите естетски вредности. Многумина од вас што се занимаваат со уметност ќе успеат во тоа. Ќе уживате во убави работи, но и во љубовта. Ако не друго, барем ќе се чувствувате прекрасно.

Бик

Имате впечаток дека вашата врска од ден на ден е се’ понесигурна, а станувате и нетрпеливи. Сакате да знаете на што сте, па затоа партнерот по секоја цена го ставате пред свршен чин. Сепак, бидете среќни. Многу нејаснотии ќе бидат решени.

Близнаци

Доколку се фатите во костец со решавање тешки проблеми, ќе бидете повеќе од успешни. И покрај тоа што сe работите на своја рака, нема да ви биде тешко да ја контролирате ситуацијата. Решавате важна работа која ве поврзува со странство.

Рак

Пријателите секогаш ги ставате на свое место. Покрај тоа, се трудите да опстане и врската со партнерот. Проблемите со комуникацијата се длабоки. Здравствената состојба не треба да ве плаши, освен проблемите со забите.

Лав

Во се’ што ве окупира сакате да имате одврзани раце. Ви пречат сугестии отстрана, особено кога станува збор за давање совети. Нервозата ви е зголемена, но излезот од проблемите е на повидок.

Девица

Соработниците минираат некои ваши идеи, но нема да ви пречи тоа во остварувањето. Ненаметливи сте, но и упорни, затоа ќе постигнете успех. Потрудете се да се одморите од се’ и уживајте во прегратките на партнерот.

Терезија

Конечно можете да земете здив. Грижите и проблемите се зад вас. Свесни сте дека повторно владеете со ситуацијата на сите полиња. Потрудете се да останете во такво расположение, во спротивно, нервозата и несигурноста ќе дојдат до израз.

Скорпија

Задоволни сте со постигнатите резултати. Успехот ве стимулира да почнете со планирање на иднината. На сугестивен начин ја убедувате околината во своите идеи. Никој не може да остане имун на вашите квалитети, но морате постојано да се докажувате.

Стрелец

Добрата процена и организираноста ќе ви донесат успех. Секогаш знаете што сакате и тоа дава резултат. Оставете ги настрана нервозите. Љубовта ви цвета, но тоа не значи дека е забранета нова авантура. Посветете си внимание себеси.

Јарец

Чувствувате дека ништо не ви оди од рака. Не губете надеж, таа треба последна да исчезне. Одредени случувања ќе направат да се чувствувате поемотивно. Внимавајте на добрата храна и пешачете во природа. Ставете се себеси на прво место.

Водолија

Имате потреба од љубов. Расположението ви е променливо, па ова е вистински период да смените нешто кај себе. Потрудете се да ги реализирате сите идеи. Не олабавувајте се премногу, се’ што е убаво кратко трае. Внимавајте на здравјето.

Риби

Генерално добро се чувствувате, но често размислувате дека сте на погрешен пат. Околината чудно ве прифаќа, затоа, сакале или не, морате да се приспособите на новите услови. Забавете го ритамот и реагирајте смирено на негативните работи.