ДНЕВЕН ХОРОСКОП 08.09.2018

ДНЕВЕН ХОРОСКОП 08.09.2018

ОВЕН

Не сте спокојни кога се работи да Близнаци иако ви се лојални. Убедени сте дека може да кажат нешто што на вас нема да ви одговара. Треба да бидете подготвени за исклучоци, особено ако станува збор за личноста која ви е важна

БИК

Меркур е подготвен да влезе во знакот на Девица, а тоа на вас ви оди во прилог за да се наметнете на некој кој не се согласил на вашите услови. Многу сте комплицирани иако изгледате јаки и стабилни, но сепак ви е потребна нечија поддршка.

БЛИЗНАЦИ

Се обидувате да бидете интересни во друштво и тоа добро ви оди, особено ако ви се допаѓаат Овек, Близнаци, Вага и Бик. Со Јарец мора да бидете поопуштени и поодговорни бидејќи не е во состојба да преминува преку вашите ветувања.

РАК

Се обидувате да освоите некој кој повеќе пати ви давал дознаење дека сте му важни. Се обидувате да го убедите во тоа што сакате, но вашиот партнер не е подготвен на компромиси. Имате начин да се ангажирате за некој кој се занимава со уметност.

ЛАВ

Меркур во вашиот знак на љубовен план ви носи нови можности, вклучувајќи и средба со Скорпија. Ако ви се допаѓа некој од работното место, личност која често патува, внимавајте и осигурајте се дека е слободен. Не се нервирајте ако ве озборуваат.

ДЕВИЦА

Ако ви се допаѓа Овен, постои можност да се смирите или да го убедите за заедничко излегување и обидете се да направите пријатна атмосфера бидејќи ако се оптеретувате со некои нерасчистени теми од минатото ќе дојде до конфликт кој нема да заврши добро

ВАГА

Чувствувате привлечност кон некој кој на одреден начин ви излегол од контрола или неможете да влијаете на неговите ставови. Ако ви се допаѓа Лав, ќе бидете во можност да се договорите за некои важни прашања. Ако вашиот подзнак е воден знак, можна е расправија,

СКОРПИЈА

Верувате во можноста за продолжување на врската со Рак или Девица, но сметате дека премногу бара. Нервозни сте и нетрпеливи и очекувате повик од некоја личност, но таа личност веројатно нема да се јави.

СТРЕЛЕЦ

Се чувствувате заштитени од личност која ви е драга или од страна на партнерот и свесни сте дека во него можете за имате т.е неограничена доверба. Ако сте вљубени во Лав, очекувате повик за излегување со некој кој е посветен на бизнисот и можно е тоа да ви биде некоја варијанта на деловно-љубовен состанок.

ЈАРЕЦ

Подготвени сте да се сретнете со некој кој живее во странство или со многу амбициозна личност која работи во медиумите или во банка и со која многу пати до сега сте имале можност да контактирате. Можно е некогаш да имало и емоционална врска. Обидете се да се прилагодите на новите услови во вашиот однос.

ВОДОЛИЈА

Се чуствувате сосема сигурни во себе и се наоѓате на свој терен кога станува збор за постојана врска. Знаете на што сте и најверојатно на убав начин ќе успеате да ја наметнете својата волја на партнерот. Ако подзнакот ви е огнен или воздушен знак, можни се несогласување бидејки секој од вас има свои потреби. Можно е да се сретнете со некој на краток пат.

РИБИ

Се обидувате да постигнете договор со Близнаци во врска за нешто што сакате поскоро да се реализира. Очекувате од партнерот да ве подржи во вашите бизнис планови. Моментално работата ви е на прво место. Ако сте слободни ќе добиете повик од некој кој работи во медиумите.