Дизајнерот Стефано Габана ја нарече Селена Гомез „грда“

Дизајнерот Стефано Габана ја нарече Селена Гомез „грда“

Стефано Габана дефинитивно нема влакна на јазикот, ниту на социјалните мрежи. Коосновачот на модната куќа Dolce & Gabbana, даде недоличен коментар на Instagram објава за Селена Гомез, па го разбуди гневот кај нејзините фанови.

Instagram профилот The Catwalk Italia ги покани своите следбеници да го искажат мислењето која од комбинациите на Селена им се допаѓа најмногу.

55-годишниот Габана искоментира „È proprio brutta!!!“ што во слободен превод би значело дека таа е „многу грда“, а потоа се согласи со друг „критичар“ дека таа наликува на померанец.

Коментарите на Габана наидоа на многу негативни реакции од фановите на славната пејачка.