Дизајнерката Ирина Тошева ја претстави летната колекција “Eunoia” преку артистички едиторијал со моќна порака

Дизајнерката Ирина Тошева ја претстави летната колекција “Eunoia” преку артистички едиторијал со моќна порака

Во годината кога гласно се зборува за важноста на менталното здравје, есенцијалната улога на уметноста во емоционална благосостојба на секоја индивидуа е инспирацијата за летната колекција.

Новата модна приказна на дизајнерката е обоена во пастелни нијанси, лесни и плисирани материјали и лелеави кроеви, оживеана во сликарско атеље од моделката Фјола Брестовци, пред објективот на Александра Костадиновска. Шминката е на Виктор Мирчевски, фризурата на Дарко Петковски (Hairhouse), чевлите се од marwell.mk.

„Креативниот процес на создавање уметнички дела ја подобрува физичката, ментална и емоционалната благосостојба, не зависно на возраста. Со создавање на уметност врз основа на сопствените чувства, мисли, идеи и фантазии, наместо фокусирање на уметничките вештини може да се прејде преку најразлични емоции како трауми, страв, анксиозност, стрес, бес. Затоа, земи ја четката и обои го „умот“.“- изјави Тошева.

Колекцијата од денес е достапна во ателјето на дизајнерката.