„Диор“ новогодишно го украси парискиот бутик

„Диор“ новогодишно го украси парискиот бутик

Подготовките за новогодишните празници се во тек кај модната куќа „Диор“, што се забележува и од украсувањето на главниот бутик на авенијата Montaigne во Париз.

dior

Седум дена мајстори ја украсуваа фасадата на бутикот и поставија голема светкава елка, од просторот над влезот и со гранките раширени нагоре до петтиот кат. Елката е накитена со украси со мотиви на животни – еден тигар, две жирафи, седум мајмуни и многу необични птици. Украсите се во иста боја со елката и дискретно се насетуваат. Целата контрукција тежи 750 килограми и употребени се околу два километри венци. На врвот е среќната ѕвезда омилената на Кристијан Диор.