Диџеј Ицко ја загуби битката со корона

Диџеј Ицко ја загуби битката со корона

Ристо Мелоски, познат како диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“ ја изгуби битката со корона. Колегите и пријатели на  Ицко почнаа да објавуваат фотографии и пораки со кои се простуваат од диџејот и љубител на музиката.

Тој подолго време боледувал од Ковид-19. Негови блиски велат дека немал никакви дополнителни здравствени проблеми. Секоја година бил дел од Скопскиот маратон и трчал и до 20 километри, а бил дел и од мото клубот “Нокни волци“.  Бил хоспитализиран на трети јуни бидејќи имал висока температура, но никој не се надевал дека ова ќе се случи. Потоа стасале добри вести, дека е подобар, но дека место да оздрави, тој синојка ја загуби битката, велат негови колеги.