Дибала продолжува во Јувентус

Дибала продолжува во Јувентус

Аргентинскиот фудбалер ќе стане втор најплатен играч на Јувентус со годишна плата од 10 милиони евра, според новиот тригодишен договор.

Плата исто така може да се зголеми ако врз основицата се вклучени бонуси, како што се индивидуални награди, број на голови или освоени титули со клубот.

Дибала во моментов има договор со Јувентус до 2022 година, а италијанскиот шампион сака да го врзе за себе поради зголемениот интерес на Манчестер Јунајтед, Барселона и Реал Мадрид.

Според новиот тренер Андреа Пирло, Дибала е едно од најважните тркала за неговиот иден Јувентус. Кога на Дибала ќе му заврши новиот договор со Јувентус, ќе има 31 година.