Диавара е позитивен на КОВИД-19

Диавара е позитивен на КОВИД-19

Амаду Диавара се вратил во Рим каде требало да ги продолжи тренинзите во тренинг центарот на Рим.

Играчот експресно направил тест за коронавирусот, кој бил позитивен, по што Диавара ќе мора да ги почитува протоколите и да замине во изолација.

Фудбалерот на Рома настапуваше за репрезентацијата на Гвинеја, па се заразил со вирусот за време на извршувањето на обврските кон националниот тим.

Добра вест е што Диавара немал контакт со соиграчите пред да го добие резултатот, а тренерот Пауло Фонсека нема да смета на неговите услуги наредните десетина дена.

Играчот сам ја објави информацијата преку Инстаграм, потенцирајќи дека се чувствува добро.