Диабала: Сите ние сакаме Меси да се врати во националниот тим!

Диабала: Сите ние сакаме Меси да се врати во националниот тим!

Лионел Меси веќе неколку месеци нема настап за репрезентацијата на Аргентина која под водство на Лионел Скалони се обидува да се врати на победнички стази, да изгради тим кој ќе може да донесе успеси во блиска иднина.

Меѓутоа гаучосите сакаат во таа нова, свежа екипа учество да даде и Меси кој официјално не е повлечен од националнот тим, ама нема настап од Светското првенство во Русија и поразот од Франција од 4-3 во нокаут фазата.

Селекторот Скалони веќе испрати неколку порака, а сега тоа го направи и Пауло Дибала кој на својот сонародник му порача:

Сите ние сакаме Меси да се врати во националниот тим. Знаеме колку Лео е важен за нас, ама се е до него. Ние сме група од млади играчи и ни е потребна поддршка од луѓето – рече членот на италијански Јувентус.