Ди Франческо: Oдиме на се или ништо!

Ди Франческо: Oдиме на се или ништо!

Рома вечерва ја пречекува Барселона на реванш натпреварот во рамките на четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Според многумина, пред Рома е невозможна мисија во обидот за пласман во полуфиналето со оглед на тоа што Каталонците на првиот натпревар славеа со високи 4:1, но сепак, тренерот на Римјаните не се откажува и вели дека верува во чуда.

Не е важно колку луѓе ќе има на трибините. Секогаш имате одговорност кога играте на Олимпико. Ние ќе мора да одиме на се или ништо – изјави Еузебио Ди Франческо и додаде:

Чудата се случуваат, зошто да не се обидеме? Мораме да играме со вистинска љубов. Ќе се обидеме да направиме нешто што е незамисливо, а потоа ќе мислиме на дербито. Имаме должност да се бориме до крај – изјави Еузебио Ди Франческо.