Џулија Робертс на свој, единствен начин му го честиташе роденденот на Бред Пит

Џулија Робертс на свој, единствен начин му го честиташе роденденот на Бред Пит

Џулија Робертс и Бред Пит се искрени пријатели и својот однос го негуваат долги 17 години.

Почнале да се дружат после снимањето на заедничкиот филм „Мексиканец“, во 2001-ва година. Актерката не сокрива колку му се восхитува на својот колега, па на емотивен начин му го честитала роденденот.

 

„Среќен роденден на еден од најубавите мажи на сите времиња! Те сакам!“, напишала 51-годишната актерка под заедничката фотографија, која е направена на снимањето на гореспоменатиот филм.

Освен заедничките филмови, нивното пријателство го зацврстил нивниот заеднички пријател и колега Џорџ Клуни.