Џулиен Мур е модна божица

Џулиен Мур е модна божица

Џулиен Мур е дефинитивно една од најстилските актерки во светот, па не беше за изненадување и нејзиното последно појавување на премиерата на филмот „Глориа Бел“ каде таа ја толкува главната улога.

Таа се појави во колоритен фустан со пердуви во комбинација со крем сандали на висока потпетица, а нејзината препознатлива црвена коса дополнително ја истакна со шик пунџа.

Во последно време, 58 годишната актерка е зафатена со промовирање на нејзиниот нов филм, па така неодамна беше гостинка во шоуто на Стивен Колберт каде се појави во подеднакво шик издание.

За гостувањето таа одбра црн стилски костим составен од елегантни панталони, шик палто и кошулка со карнер во долниот дел кој одлично се вклопи во целата комбинација.

И за оваа комбинација, природната убавица одбра едноставна шминка и лежерна фризура врзана во пунџа, а нејзината позитивна енергија повторно беше нешто со што актерката пленеше.