Џорџ Клуни доживеа сообраќајна незгода

Џорџ Клуни доживеа сообраќајна незгода

Џорџ Клуни доживеал сообраќајна несреќа на Сардинија, по што бил хоспитализиран.

Според италијанскиот весник „La Nuova Sardegna“, 57-годишниот актер со мопед се судрил со автомобил кој нагло го променил правецот на движење. За среќа, тој поминал без сериозни повреди. Клуни се здобил со модрици на рацете и нозете и повреда на карлицата откако удрил во шофершајбната на автомобилот.

Тој бил однесен во болница, каде му биле направени рендгенски снимки.

Неговата сопруга Амал Клуни го посетила во болницата пред тој да биде испишан на домашно лекување.

Пред неколку дена Џорџ и Амал беа фотографирани по романтична вечера во Лоири Порто Сан Паоло на Сардинија, каде во моментов живеат со едногодишните близначиња Ела и Александар.