Џорџ Клуни, Бред Пит, Роберт Де Ниро одржаа протест во Холивуд против Оскарите

Џорџ Клуни, Бред Пит, Роберт Де Ниро одржаа протест во Холивуд против Оскарите

Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт Де Ниро во четвртокот одржале протести во Холивуд против плановите на организаторите на Оскарите, наградите за најдобра фотографија, монтажа и некои други категории да се доделат за време на емитувањето на рекламите на церемонијата која се одржува наредната недела.

Сандра Булок, Ема Стон и Џон Хам исто така го поддржале отвореното писмо на режисерите Мартин Скорцесе, Спајк Ли и Алфонс Куарон кои повикале на промена на одлуката која ги навредува професионалците во тие категории.
Академијата на филмски уметности и наука во почетокот на неделата објавила дека во директниот пренос на 24. февруари, доделувањето на неколку категории ќе се одржи за време на емитувањето на рекламите.

Било планирано скратените снимки од победничките говори во тие категории да се емитуваат подоцна за време на директниот пренос.
Организаторите на доделувањето настојуваат да го скратат доделувањето за да ја зголемат телевизиската гледаност.
На церемонијата се доделуваат оскари во вкупно 24. категории.

Организаторите се обврзале дека ќе го скратат доделувањето за 40. минути, на вкупно три часа.