Џорџ и Амал Клуни повеќе не живеат заедно!?

Џорџ и Амал Клуни повеќе не живеат заедно!?

Амал Клуни и холивудскиот актер Џорџ Клуни се едни од највлијателните славни личности.

Парот долго време важеше за еден од најзаљубените, но извори блиски на парот веќе некое време зборуваат за тоа како дошол крајот на нивната среќа и се поблиску се до развод.

Пред само три и пол години, во септември 2016 година, тие се венчаа во Италија, а веќе наредната година ги добија близнаците Александар и Ела. Сепак, според магазинот Woman‘s Day Australia, Џорџ и Амал веќе 4 месеци не живеат заедно.

Тој не разбира зошто Амал не успори со работата и не ужива со него во животот на висока нога, но таа едноставно не е таква. Како што стареат, така разликата помеѓу нив е се поочигледна и Амал не е сигурна дека ѝ се допаѓа како сето тоа се одвива“, изјави извор близок за семејството Клуни.

„Тоа не е животот што таа го замислуваше – се надеваше дека ќе се смири и ќе води повлечен семеен живот, можеби и да има повеќе деца. Но, сега смета дека е многу тешко заедно со сопругот да направи било што толку сериозно. Таа најмногу му замерува на Џорџ што не поминува доволно време со Алекс и Ела“, додава изворот.