Џордан Роџерс јавно го осуди Арон во најновата семејна драма

Џордан Роџерс јавно го осуди Арон во најновата семејна драма

Арон Роџерс кој подари милион долари за настраданите во пожарите во Калифорнија, ја заборавил сопствената мајка.

Американците му се восхитуваа на фудбалерот Арон Роџерс за подарените милион долари за помош на настраданите од пожарот, се додека неговиот брат не ја откри болната вистина.

Арон прво беше фален, а кога брат му Џордан ја откри вистината, се соочува со лавина од критики.

Мајката на фудбалерот и самата морала да бега пред огнот.

„А кога сопствената мајка беше сама дома со спакувани торби и подготвена за евакуација, тогаш заборави да и се јавиш и да ја прашаш дали е на безбедно“, напиша Џордан на социјалните мрежи и додаде дека целата оваа хуманитарна акција на неговиот славен брат мириса на глума.