Џон Траволта драстично го промени изгледот

Џон Траволта драстично го промени изгледот

Холивудскиот актер конечно покажа како изгледа без бујната коса која ја памтиме од „Треска на саботната вечер“ и „Брилијантин“.

Џон Траволта во 2019 година влегол со сосема поинаков изглед. Славниот актер на Инстаграм првпат ја покажал избричената глава.

View this post on Instagram

I hope everyone had a great New Year!

A post shared by John Travolta (@johntravolta) on

„Се надевам дека сите се забавуваа за Нова година“, напишал Траволта покрај фотографијата на која позира со 18-годишната ќерка Ела Блу.

Коментарите на Инстаграм се позитивни, и многумина Траволта сега го споредуваат со Брус Вилис.

„Одлично изгледаш“, „Многу ми се допаѓа новит имиџ“, „Супер изгледаш ќелав“, му порачале обожавателите.