Џоли и Пит ќе го делат старателството над 6-те деца

Џоли и Пит ќе го делат старателството над 6-те деца

Иако долго време водеше правна битка за старателство над децата, Анџелина Џоли се смилува и се согласи таа и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит, да го делат старателството над 6-те деца.

Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс ќе можат често да го гледаат својот татко, а тој и Анџелина заедно ќе ги носат одлуките за нивното воспитување.

Ова е многу голем чекор за Анџелина бидејќи една од причините за разводот беше прегрубиот однос на Пит со децата.

“Бред и Анџелина се спогодија за сите услови во разводот. Се ќе се финализира за неколку недели. Ова беше тешка правна битка”, открива извор близок до парот.