Џоан Колинс е новото заштитно лице на Валентино

Џоан Колинс е новото заштитно лице на Валентино

Џоан Колинс е ѕвездата во празничната кампања на Валентино.

Во видеото, 86-годишната актерка, позната по серијата „Династија“, како вистинска дива пристигнува на забава во гламурозен стајлинг и со блескава тијара на главата.

Колинс, која многумина ја обожаваа во улогата на Алексис Карингтон, во интервју за „Вог“ изјави: „Се надевам дека луѓето ќе трошат повеќе пари на облека, затоа што никој не се дотерува повеќе. Ако се дотераш, луѓето ќе зјапаат во тебе или ќе ти дадат зајадливи забелешки… Можеби не зајадливи, но ќе речат ‘Види се колку си дотерана’. Тоа ми е жално, затоа што ќе дојде крајот на купување на елегантна облека од жените. Сите ќе завршат во фармерки и маички, што сметам дека е трагично.“