Џим Кери: Марк Закерберг e вонземјанин

Џим Кери: Марк Закерберг e вонземјанин

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг е во центарот на вниманието по скандалот со “Кембриџ Аналитика” и одговорите пред Конгресот за приватноста на податоците на корисниците на оваа социјална мрежа, а своето мислење за него одлучи да го сподели и актерот Џим Кери.

Кери на Твитер објави цртеж на кој Закерберг го претстави како „Marvin The Martian” (исфрустрираното марсовче кое сака да ја уништи Земјата бидејќи му пречи во погледот) кој дошол да ја уништи Земјата “а со тоа би го спречил местењето на претседателските избори”.

 

Она што е напишано под сликата е следно: „Конгресот има посетител од планетата Закерберг. „Ќе го спречам понатамошното мешање во изборите со тоа што ќе ја уништам Земјата со мојата експлозивна апликација Имодиум Q-36 за вселенска модулација! Остриот пад на вредноста на акциите од Фејсбук многу ме налути!НАВИСТИНА МНОГУ МЕ НАЛУТИ!””

Ова не е првпат Кери да го критикува Закерберг или Фејсбук. Неодамна го избриша својот Фејсбук профил, ги продаде акции што ги имал во оваа компанија и повикал другите да го сторат истото.