Џиџи Хадид во врска со старо-новото момче

Џиџи Хадид во врска со старо-новото момче

Џиџи Хадид и Зејн Малик најверојатно ја обновија својата романса.

24-годишниот модел и 27-годишниот пејач синоќа беа фотографирани заедно додека го прославуваа неговиот роденден во Њујорк.

Според извори на E! News, Џиџи и Зејн одлучиле да си дадат нова шанса пред празниците: „Џиџи и Зејн се заедно од пред празниците во декември. Зејн контактираше со Џиџи во изминатиот месец и таа одлучи да му даде уште една шанса“ – рекол изворот.

Парот започна да се состанува на крајот од 2015 година, а се раздели во март 2018 година. Џиџи и Зејн ја обновија врската во јуни истата година, но повторно се разделија во јануари 2019 година.