Џиџи Хадид се соблече за Calvin Klein

Џиџи Хадид се соблече за Calvin Klein

Aмериканска модна марка Calvin Klein заедно со њујоршката марка Кит ја реализираа еснеската колекција.

Во рекламната кампања главно лице (и тело) е супермоделката Џиџи Хадид, која носи долна облека инпирирана од 1990-те години.

Фотограф на кампањата е Кас Брд кој ги доловува нејзините разголени пози.

Дизајните вклучуваат машки боксерки, танги, спортски женски гаќи и спортски градници. Колекцијата е пуштена во продажба на 12 септември.