Џиџи Хадид позираше за Harper’s Bazaar

Џиџи Хадид позираше за Harper’s Bazaar

Џиџи Хадид е ѕвездата која го краси новото издание на Harper’s Bazaar во друштво на слатки кучиња.

На фотографиите кои ги потпишува Маријано Виванко, популарниот модел носи креации од модни брендови како Версаче, Шанел, Валентино, Фенди и Ралф Лорен.

Блејк Лајвли го водеше интервјуто со Џиџи за модното списание. Во него, Хадид зборуваше за критиките кои континуирано ги добива за својот изглед. Во првите години од нејзината кариера, таа беше нарекувана „дебела“, а во изминатиов период, постојано е критикувана дека е преслаба.

„Ако требаше јас да избирам, ќе си го вратев задникот назад и ќе ги имав градите коишто ги имав пред неколку години. Но, искрено, не можеме да гледаме назад со каење и жалење. Си го сакав телото тогаш и си го сакам сега“ – изјави таа.

Џиџи Хадид

 

Џиџи Хадид

Џиџи Хадид

Џиџи Хадид

„Од мое искуство, телото се развива и се менува и во него секогаш постои убавина, без разлика на сè“ – додала Џиџи.

Хадид коментираше дека критиките на социјалните мрежи се бесмислици, но сепак имаат моќ да ја повредат личноста кон која се насочени. „Најголемиот дел се бесмислици, но сепак можат да болат. Денес, луѓето без размислување кажуваат: ‘Го сакав телото на Џиџи, но сега таа се предаде’. Но, јас не сум слаба бидејќи се предадов на индустријата. Кога имав поатлетска фигура, јас се гордеев со моето тело бидејќи бев неверојатна одбојкарка и јавачка на коњи. Но, откако дознав дека имам Хашимотов тироидитис (автоимуна болест), морав да се хранам здраво и да вежбам. Беше чудно што морав да се соочувам со тоа како тинејџер, кога сите мои пријатели можеа да јадат во McDonald’s и тоа воопшто да не им влијае“ – дополни Хадид.

Џиџи Хадид

Џиџи Хадид

Џиџи Хадид

Џиџи Хадид