Џиџи Буфон продолжува во Јувентус

Џиџи Буфон продолжува во Јувентус

Џиџи Буфон нема да замине во пензија поради коронавирусот туку ќе го продолжи договорот на уште една сезона.

Италијански „Тутоспорт“ истакна дека 42-годишниот голман имал состанок со Андреа Ањели и соопштил дека е подготвен да ја продолжи соработката со клубот. Договорот на Буфон со Јувентус ќе биде под исти услови, само продолжен на уште една сезона.

Според новиот договор, Буфон ќе брани за Јувентус и на 43 години и ќе продолжи да пишува историја како играч со најмногу настапи на листата во Серија А, пред Паоло Малдини.

Некогашниот италијански репрезентативец кариерата ја почна во Парма во 1995 година и таму бранеше до 2001, па следеше преселба во Јувентус во чии редови мина долги 18 години. Една сезона (2018/19) ветеранот беше дел од ПСЖ, па пак се врати во Јувентус за да урива рекорди.