Џесика Алба ужива во мајчинството

Џесика Алба ужива во мајчинството

Славната актерка и бизнисменка сподели неодолива фотографија со трите деца заедно со искрена порака за мајчинството.

Во емотивниот текст, 37-годишната холивудска ѕвезда ги потсетува мајките да ги ценат сите моменти со своите малечки, бидејќи децата брзо ќе пораснат и мајките ќе копнеат по тие непреспани ноќи, вревата и хаосот во домот.

#mothersday brunch w my 3 babies -heart is full! ?#momof3

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

Мајчинство: неверојатно е нели?

Светот ти се превртува целосно наопаку. Сè што досега мислеше дека е важно, не е повеќе. Сите оние нешта што ги земаше здраво за готово – како спиење, јадење на вистински оброк со седење – стануваат најголем луксуз. Малите луѓе те менуваат.

Да сакаш некого и да ти треба толку многу, а истовремено да бидеш сакана и потребна исто толку многу… тоа е најдоброто и најтешкото и најсрцепарателното нешто што постои. Сè уште не можам да поверувам, но моето најголемо бебе има речиси 10 години. И знаете што? Таа нема потреба од мене на истиот начин на којшто имаше некогаш. Тоа е она што ми го крши срцето, но вистина е.

Времето кое го имаме со нашите малечки, кога тие се навистина мали, минува многу брзо. И тоа ми е потсетник да бидам присутна и да го ценам секој хаотичен момент. Секој напад на бес, секое уморно плачење, сите оние денови кои понекогаш ти се чини дека никогаш нема да завршат. Бидејќи вистината е дека ќе завршат.

Кога за првпат станав мајка, сè уште учев за личноста во која се претворив и чувствував дека сè треба да биде совршено. Но сега, за мене е во ред ако моето бебе плаче по малку… бидејќи знам дека ќе биде добро.

И што ако садовите се натрупани во мијалникот… и ако дневната соба не изгледа воопшто како на Instagram фотографијата која сум ја направила 5 секунди претходно. Сето тоа е во ред. Сакам да ви кажам дека дури и ако понекогаш не ви изгледа така, вие ќе се справите. Нема да биде совршено, но вие сте прекрасни мајки и тоа е сè.

Motherhood: it’s a doozy, isn’t it? Your world gets turned completely upside down. Everything you thought you knew about what was important is no longer. And all the things you once took for granted — like sleep, and sitting down to eat an actual meal — become the greatest luxuries. Little people change you. To love and need someone that much and have them love and need you just as much…it’s the best and hardest and most heartbreaking thing there is. I still can’t believe it, but my oldest baby is almost 10 years old. And you know what? She doesn’t need me in the same ways she once did. There goes that heartbreak again…but it’s true. The time we have with our little ones when they’re actually little is so fleeting. And it’s a reminder for me to be present and cherish every messy moment. Every tantrum, every tired cry, every bit of these days that sometimes feel like they’ll never end. Because the truth is, they will. As a first-time mother, I was still learning about this person I had become. And I felt like everything had to be just perfect. But these days, I’m ok if my baby cries a little bit…because I know he’ll be ok. And so what if the dishes pile up in the sink…and if my living room looks nothing like the Instagram post five seconds after I take the picture. It’s all ok. This Mother’s Day (and really, every day), I want to thank you for trusting us @honest to be a part of your journey. And I want to let you know that even if it doesn’t always feel like it, you’ve got this. It’s not gonna be perfect. But you’re an amazing mama. And that’s everything. xo. ?❤️✨

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

По повод Денот на мајката, преку својата компанија „The Honest Company“, Алба донира 1,5 милиони пелени на семејства на кои им се потребни.