Џесика Алба блесна на црвениот тепих во Монте Карло

Џесика Алба блесна на црвениот тепих во Монте Карло

Џесика Алба присуствуваше на 59. издание на Телевизискиот фестивал во Монте Карло за да ја промовира својата нова серија „L.A.’s Finest“.

На црвениот тепих, 38-годишната актерка шармираше во две впечатливи креации.

За отворањето на фестивалот, славната филмска ѕвезда избра долг фустан од Прабал Гурунг, кој го надополни со накит од Шопард и сандали од Џузепе Ѕаноти. Алба позираше и со принцот Алберт II од Монако и со својата колешка од серијата Габриел Јунион.