Џеси Џеј повторно сингл

Џеси Џеј повторно сингл

Џеси Џеј и Ченинг Тејтум не се повеќе заедно.

39-годишниот актер и 31-годишната пејачка ставија крај на едногодишната врска.

Веста за нивната разделба ја објави Us Weekly, а подоцна беше потврдена и од извори блиски на парот за други странски медиуми.

„Џеси Џеј и Ченинг Тејтум раскинаа пред околу еден месец. Тие сè уште се блиски и се добри пријатели“ – рекол изворот на Us Weekly.

Веста за нивната врска беше објавена во октомври минатата година, но наводно тие се состанувале и неколку месеци претходно.