Џеси Џеј и Ченинг Тејтум се официјално во врска

Џеси Џеј и Ченинг Тејтум се официјално во врска

Ченинг Тејтум и Џеси Џеј повеќе не ја кријат својата врска. Парот беше фотографиран на прошетка во Лондон.

30-годишната пејачка и 38-годишниот актер изгледаа заљубено и среќно додека се држеа за раце и разговараа. Џеси носеше тренерки и јакна, како и чанта од Луј Витон.

До април минатата година, Ченинг беше во брак со актерката Џена Деван со која се запознаа на снимањето на филмот „Step Up“. Шест месеци по разделбата, Џена поднесе документи за развод. Нивниот брачен живот траеше речиси 9 години и заедно имаат една ќерка.