Џеси Џеј и Ченинг Тејтум повторно заедно!?

Џеси Џеј и Ченинг Тејтум повторно заедно!?

Иако пред еден месец ја прекинаа својата врска, сепак тие решија дека е подобро повторно да бидат заедно.

Пејачката Џеси Џеј (31) и актерот Ченинг Тејтум (39), ќе се обидат да и дадат уште една шанса на љубовта, иако неодамна раскинаа, пренесуваат повеќе светски медиуми.

Извор близок до парот открива дека тие повторно започнале заедничка романса.

– Се разделија на неколку недели, но сфатија дека се еден за друг. Многу се среќни што поминуваат време заедно и го обожаваат заедничкиот живот. Ченинг ги сака нејзините настапи и ужива да патува со неа – рекол неименуван извор за медиумите.

Шпекулациите дека парот повторно е заедно се појавија во јавноста откако Џеси и Ченинг беа забележани заедно на шопинг.

За потсетување, Ченинг и Џеси Џеј започнаа да се гледаат во октомври 2018 година, а последен пат се фотографирани заедно кон крајот на октомври за време на концерт на Џеси Џеј на музичкиот фестивал „Рок ин Рио“.