Џерард и понатаму жали што не успеа да му донесе титула во ПЛ на Ливерпул

Џерард и понатаму жали што не успеа да му донесе титула во ПЛ на Ливерпул

Стивен Џерард, истакна дека и понатаму жали што под негова команда не успеал да им донесе титула во Премиерлигата.

Сезоната 2013/14 Ливерпул беше навистина премногу блиску до освојување на титулата, но неговата катастрофа на мечот против Челси им зацрта дека нема и таа сезона да биде нивната најдобра сезона.

Џерард се уште се присеќа на тој момент кој ќе го следи и прогонува низ кариерата.

Таа рана е отворена и се уште боли, не сум сигурен дека некогаш тоа помине, затоа што едноставно тоа не може да се промени. Се надевам дека оваа сезона тие ќе бидат шампиони.

Катастрофата на Џерард се случи во април 2014 година, на мечот против Челси на Енфилд, кога при едно погрешно движење, Демба Ба го казни Ливерпул, а Челси победи, со што им ги намалија шансите да станат шампиони таа година.

Нормално дека играчите и навивачите се под тензија оваа сезона, блиску се до целта. Чувствувам дека имав слична ситуација во 2014 година, но на таква ситуација јас гледав и како мотивација, не само како притисок – нагласи Џерард.