Џенифер Лопез згодна во костим за капење на плажа

Џенифер Лопез згодна во костим за капење на плажа

 

Џенифер Лопез ужива во семејните моменти. 48-годишната пејачка се релаксираше на плажа со партнерот Алекс Родригез и нивните деца на Денот на независноста на САД.

Таа носеше костим за капење во циклама нијанса од брендот Solid & Striped, а подоцна беше фотографирана и со кратки панталончиња.

Лопез сподели неколку фотографии на Instagram. На една од фотографиите, од раката на Џеј Ло блеска прстен, па многумина побрзаа да искоментираат дека Алекс ја побарал за жена.