Џенифер Лопез зборува за љубовните врски

Џенифер Лопез зборува за љубовните врски

Џенифер Лопез е насекаде. Од корици на списанија, модни кампањи, музички спотови и концерти, телевизиски серии и шоуа, до филмови… 49-годишната пејачка и актерка не запира.

Атрактивната ѕвезда ги краси страниците на најновото издание на „Harper’s Bazaar“. За фотосесијата, таа позира во костими за капење и креации од познати брендови како Шанел, Живанши, Сен Лоран и Гучи.

Во интервјуто за списанието, Лопез зборуваше за љубовните врски и приватниот живот. „За мене, патувањето низ врските беше полно со подеми и падови. Но, тоа не беше поврзано со ништо друго, туку со мене – стануваше збор за тоа јас да се разберам себеси. Додека не научиш да се сакаш себеси, не можеш комплетно да сакаш (друга личност) на искрен и чист начин. Откако ќе го направиш тоа, можеш да имаш врски кои се базирани на љубов и почит. Постоеше еволуција која мораше да ми се случи. Чувствувам дека сега сум на подобро место“ – изјави Лопез.

„Имам две неверојатни деца и прекрасен партнер. Немам сфатено сè во животот и не е сè совршено. Но, многу сум горда за сето она низ кое поминав во мојот личен живот. Сè уште сум оптимистка и полна со надеж“ – додала таа.