Џенифер Лопез во креација од дизајнер со македонско потекло

Џенифер Лопез во креација од дизајнер со македонско потекло

Џенифер Лопез обожава да екпериментира со својот стил. Од сексапилни креации, до ултра волуменозни фустани… нејзиниот моден избор постојано варира, а таа секогаш изгледа атрактивно.

За гостувањето во шоуто „Un Nuevo Dia“, 49-годишната пејачка и актерка се појави во жолта креација од колекцијата ресорт 2019 на австралискиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски. Својот стилски избор, Џеј Ло го надополни со сандали од Кристијан Лобутин.

Во емисијата, гостинка беше и Ванеса Хаџенс, која глуми заедно со Лопез во филмот „Second Act“.