Џенифер Лопез снима нов филм

Џенифер Лопез снима нов филм

Пејачката и глумица снима романтична комедија „Marry me“ а партнер во филмот и е познатиот Овен Вилсон.

Според списанието Variety, филмот ќе биде нешто помеѓу Notting Hill  и A Star Is Born. Џенифер Лопез во филмот игра девојка која го открива неверството на нејзиниот иден сопруг, и тоа непосредно пред свадбата. Романтичната комедија ќе има премиера на 1 јануари 2020 година.

Интересно е што во филмот гардеробата која ја носи Џенифер е шик, па така за филмот може да се каже и дека моден. Меѓу познатите дизајнери на гардеробата за филмот е и либанскиот моден дизајнер Зухаир Мурад кој ја креирал венчаницата за оваа прилика.