Џенифер Лопез се вери со Алекс Родригез

Џенифер Лопез се вери со Алекс Родригез

Џенифер Лопез го прифати предлогот за брак на Алекс Родригез. Популарниот пар се вери на романтично патување на Бахамите.

49-годишната пејачка и 43-годишниот поранешен спортист споделија фотографија од големиот веренички прстен на Instagram.

View this post on Instagram

she said yes ♥️

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) on

„Таа рече да“ – напиша Алекс. Ова ќе биде четврти брак за Џеј Ло.

И претставник за јавноста на Џенифер ја потврди веста за свршувачката. „Тие се на одмор и се верија денес“ – изјавил Бени Медина за People.