Џенифер Лопез наполни 50 години

Џенифер Лопез наполни 50 години

 Нејзиниот вереник Алекс Родригез објави романтично видео и порака со кои ѝ го честиташе јубилејниот роденден на својата сакана.

„Откако сме заедно, ти правиш да се чувствувам како секој ден да ми е роденден. Ти благодарам за твоите страст, енергија и инспирација и твојот бескраен стремеж да бидеш најдобра во сè што правиш.“

„Ти едноставно си најдобриот животен сопатник. Најдобрата ќерка, најдобрата мајка, најдобриот изведувач. Те сакаме. Твоите фанови те сакаат, твоите деца те сакаат и јас те сакам! Ајде да го направиме овој роденден специјален. Те сакам премногу!“ – ѝ вели Родригез во видеото во кое се прикажуваат снимки од нивниот заеднички живот.

Џенифер и Алекс се верија за време на одмор на Бахамите во март оваа година. Тие се заедно две години и двајцата имаат по две деца од претходните бракови.