Џенифер Лопез на насловната на Harper’s Bazaar

Џенифер Лопез на насловната на Harper’s Bazaar

Џенифер Лопез привлекува погледи кон страниците на Harper’s Bazaar. 48-годишната ѕвезда сними фотосесија за модното списание и зборуваше за врската со Алекс Родригез.

Привлечната пејачка и актерка изјави дека не брза за по четврт пат да зачекори кон олтарот. „Верувам во брак и би сакала да остарам со некого со кого ќе бидам во посветена врска. Но, не форсирам ништо засега“ – рекла таа.

„Врската ни е добра, здрава, добро комуницираме. Си ги разбираме животите еден со друг на начин на кој повеќето луѓе не можат. И двајцата влеговме во окото на јавноста во нашите рани 20-ти години и успеавме да се надминеме уште од самиот почеток. И тоа влијае на секоја динамика во животот, од семејството, до работата, до врските“ – изјавила Џеј Ло.

Лопез и Родригез се во врска повеќе од една година и и двајцата имаат по две деца од претходен брак.