Џенифер Лопез модерна ѕвезда во црно-бел стајлинг

Џенифер Лопез модерна ѕвезда во црно-бел стајлинг

Џенифер Лопез му ја дава својата безрезервна поддршка на Алекс Родригез во секое поле од животот, а и тој нејзе.

50-годишната пејачка го придружуваше својот вереник во Хјустон, Тексас, каде беше најавено неговото ново партнерство со компанијата за производство на пиво „Presidente“.

За настанот кој се одржа во конгресниот центар „Џорџ Р. Браун“, Џеј Ло избра црно-бел стајлинг.

Креацијата и чантичката со впечатлив принт се со потпис на Валентино.