Џенифер Лопез ќе лансира козметичка линија

Џенифер Лопез ќе лансира козметичка линија

Фановите на пејачката и глумица едвај ја очекуваат новата козметичка линија од Лопез.

Џенифер Лопез, позната по раскошните женски облини, убавиот глас и особено по убавото лице, договара лансирање на козметичка линија дизајнирана од неа, која ќе се грижи исклучително за тенот на жената. За сега е познато дека линијата ќе содржи течни пудри и навлажнувач за лице. Идејата е да се задоволат нејзините обожаватели да можат да постигнат тен соврешн како нејзиниот.„Нарачките“ на нејзините фанови одат во насока што тие посакуваат во колекцијата да има, на пример, и бронзер, потоа руменило и други производи за декоративна убавина.Многумина напишаа на Инстаграм дека едвај ја чекаат линијата на Лопез и дека на неа чекаат веќе подолг период, од кога се појавија првите шпекулации дека ќе биде креирана.

Дали станува збор за нов бран на шпекулации, или навистина, козметичката линија на Лопез ќе биде лансирана наскоро, останува да видиме. А за успешноста на продажбата, не се сомневаме, судејќи според „лавината“ на воодушевувачки коментари.