Џенифер Лопез ја прими наградата „модна икона“

Џенифер Лопез  ја прими наградата „модна икона“

Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) официјално ја прогласи Џенифер Лопез за „Модна икона“. 49-годишната пејачка и актерка ја прими титулата за време на церемонија во Њујорк.

На свеченоста, атрактивната ѕвезда се појави во портокалов стајлинг, кој вклучуваше волуменозно здолниште и кратка блуза од Ралф Лорен украсена со 43.000 кристали.

„Џенифер Лопез ја користи облеката како начин да изрази самоувереност и моќ“ – изјави Даен фон Фирстенберг.

„Стилот на Џенифер Лопез е смел, невоздржан и секогаш запаметлив. Дизајнерите, вклучително и многу од нашите членови на CFDA, обожаваат да ја облекуваат и за на сцена и за приватните моменти“ – изјави Стивен Колб, претседател и CEO на CFDA.