Џенифер Лопез ја претстави својата нова колекција на чевли!

Џенифер Лопез ја претстави својата нова колекција на чевли!

Поп дивата ја лансираше својата линија на чевли JLo Jennifer Lopez.

Колекцијата е достапна исклучиво во Designer Shoe Warehouse во САД и Канада, како и на официјалната веб-страница.

Пејачката призна дека извор на инспирација во креирањето на колекцијата е атмосферата на три града: Њујорк, Лос Анџелес и Мајами.

Џенифер лично на својот профил на Инстаграм претстави неколку модели од својата колекција. Најмногу ги сака црните гладијаторски сандали со високи потпетици. Дивата ги носеше овие сандали во комбинација со црна кожа облека.

Богатата шминка со акцент на очите и надополнувањата со алка се нејзиниот совршен изглед.

Невозможно е да се гледа во нејзиното тело без восхит, особено ако не заборавиме дека таа многу скоро ќе наполни 51 година.