Џенифер Лопез и Алекс Родригез во нова заедничка модна кампања

Џенифер Лопез и Алекс Родригез во нова заедничка модна кампања

Џенифер Лопез и Алекс Родригез повторно соработуваа со брендот за очила Quay.

Славниот пар позираше за рекламна кампања за австралискиот бренд, претставувајќи ги новите модели од колекциите „Quay x JLo“ и „Quay x ARod“.

50-годишната пејачка и актерка изгледа шик покрај својот вереник. „Првата колекција беше супер колоритна, смела и забавна, а оваа сметам дека е повеќе секојдневна, со празнични златни детали и топли, класични бои“ – изјавила Лопез.