Џенифер Лопез и Алекс Родригез со нов бизнис

Џенифер Лопез и Алекс Родригез со нов бизнис

Џенифер Лопез и Алекс Родригез влегоа во нов бизнис, инвестирале дел од своите средства во бренд на кафе.

Така, славната двојка стана малцински сопственик на компанијата „Kitu Life“, основана во САД во 2016 година, која го произведува „Super Coffee“, подобрена линија на кафе без шеќер.

Оваа вест е прилично парадоксална, бидејќи секој што понекогаш прелистува списание за познати личности знае дека атрактивната Џеј Ло е голем противник на пиењето кафе, а таа засекогаш е на списокот на славни кои никогаш не пиеле кафе во животот и не планираат да пијат кафе.

„Јас не пијам алкохол и не пушам цигари и не внесувам кофеин во моето тело. Сето ова страшно ја уништува кожата, особено како што старееме“, изјави таа за „Us Weekly“ во 2016 година.

Затоа, ќе биде многу интересно да се види како тие ќе го промовираат своето кафе. Можеби одеднаш ќе стекне некои нови навики…